Легендарниот голман Ван дер Сар завршил на интензивна нега во Хрватска за време на неговиот одмор, а неговата сопруга била ‘целосно изгубена’: “Има крварење во мозокот…“

Светски познатиот голман Едвин ван дер Сар (52 г.) моментално е на прегледи на главата во болница во Сплит на Одделот за интензивна нега, дознава хрватскиот весник Jutarnji List од посетител на болницата кој ги известил за оваа информација.

Едвин ван дер Сар бил придружуван од сопругата Анемари и веднаш бил префрлен на Неврохирургија, додека таа во солзи на некого на својот мобилен телефон рекла дека нејзиниот сопруг има проблеми со главата и дека му е многу лошо.

Весникот пишува дека жената била видена како ја напушта болницата потоа, но повторно се вратила по помалку од половина час.

Во болницата во Сплит весникот дознава дека Едвин ван дер Сар имал силни главоболки и одредени невролошки нарушувања, поради што со хеликоптер бил префрлен од Хвар во Сплит.

Според информациите на весникот, тој во моментот е на Одделот за неврологија и е во стабилна состојба, контактибилен и ќе биде подложен на дијагностичка обработка, за да се утврди што точно довело до здравствените проблеми.

Фудбалскиот клуб Ајакс од Холандија, за кој Едвин ван дер Сар настапуваше 226 пати и каде моментално ја извршува функцијата извршен директор на Управниот одбор, на својот официјален Твитер профил објави дека голманот има крварење во мозокот и дека се наоѓа во интензивна нега. Ајакс додаде дека Ван Дер Сар е стабилен.