Познатиот италијански фудбалски тренер Алберто Закерони доживеал тешка несреќа во својот дом, по што бил итно префрлен на одделението за интензивна нега.
Закерони (69), кој во текот на кариерата водеше бројни италијански гиганти како Милан, Јувентус, Интер и Лацио, паднал и тешко се повредил во својот дом во Чезенатика.
Овој искусен стручњак, како што пренесува Corriere Romagna, се лизнал и ја удрил главата во земја при што изгубил свест. Екипата на брзата помош веднаш реагирала и го однела во болницата Маурицио Буфалини во Чезена.
Тој е сместен на одделението за интензивна нега и во мометов лекарите се борат за неговиот живот. Најпрвин му бил дијагностициран тежок потрес на мозокот и тешка повреда на главата, по што се уште нема вести дека тој се разбудил од кома.