Легендарниот Мајкл Џордан го продаде клубот Шарлот Хорнетс и заработи огромна сума на пари од големата зделка: Го купи за само 285 милиони долари а денес доби…
Сопствениците на клубовите од НБА лигата и официјално ја одобрија продажбата на клубот Шарлот Хорнетс.
Гласот на сопствениците, очекувано, не беше неизвесен, па 29 сопственици беа за продажба, а само еден, Џејмс Нолан од Њујорк Никс беше против. Документацијата треба формално да биде завршена во следните две недели.
Така беше отстранета и последната пречка Шарлот Хорнетс да преминат од сопственоста на легендарниот Мајкл Џордан во групата предводена од Рик Шнал.
Американските медиуми пишуваат дека Шарлот Хорнетс ќе се продаваат за приближно три милијарди долари. За споредба, Мајкл Џордан, шесткратен НБА шампион со Чикаго Булс, купи мнозински удел во Шарлот Хорнетс пред 13 години за 285 милиони долари. Во тој период Шарлот Хорнетс три пати играа во плеј-офот.
Се верува дека Мајкл Џордан ќе го задржи само малцинскиот дел од сопственоста во клубот. Минатата сезона Шарлот Хорнетс ја завршија со скор 27-55 и не се пласираа во плеј-офот.