ЛЕКАРИТЕ ИЗНЕНАДЕНИ – Алејна (17) по 248 часа под урнатините: Бев сама и без ништо

Здравствената состојба на 17-годишната Алејна Олмез, која по 248 часа разорни земјотреси е спасена од урнатините во Турција, ги изненади лекарите.

По првиот преглед во Универзитетската болница “Сутчу Имам” во Кахраманмарас, Алејна е префрлена во Анкара.

Докторот Џенгиз Дилбер рече дека е неверојатно што Алејна е во толку добра здравствена состојба со оглед на тоа што била под урнатините 248 часа.

Функции на телото

  • Бевме изненадени што нејзините телесни функции се добри и што функцијата на бубрезите не и е влошена. Тоа е неверојатна работа. Нејзината здравствена состојба е многу добра. Секако дека има трауми – изјави Дилбер.

Според него, на нејзиното тело нема многу сериозни скршеници.

  • Сега ја испраќаме во Анкара. Поради траумата треба да ја отстраниме од оваа област – додаде Дилбер.

Новинарите ја прашаа Алејна за нејзината здравствена состојба.

  • Добро сум, благодарам – кратко изјави таа.

Молитвите одговорија
На прашањето што се случува под урнатините, Алејна рече:

“Немав ништо, бев сама”.

Нејзината тетка Ѓулер Думан изјави дека е среќна бидејќи Алејна е добро.

  • Фала му на Бога, нашите молитви се ислушани. На Аллах му се молиме 11 дена – додаде Думан.

Седумнаесетгодишната Алејна Олмез беше спасена од урнатините во Турција 248 часа по земјотресот што ги погоди јужна Турција и Сирија.

Таа беше спасена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмарас.