ЛЕТЕН РЕЦЕПТ – 3 состојки, 15 минути, без шеќер, јајца и брашно: Супер кремаста торта со сладолед што е хит кај сите (ВИДЕО)

Ви го претставуваме наједноставниот рецепт за брзо домашно слатко кое ќе ве заслади и разлади во текот на летото

Слатките со сладолед се десерт без кој нема лето, а ова е еден од најлесните за подготовка!


Дополнително, потребни ви се само три состојки, а по желба можете да додадете екстракт од ванила за побогат мирис и вкус.

Ова е кремасто, лесно, многу освежувачко уживање и не зазема многу простор во замрзнувачот!

Компоненти:

  • 500 мл слатка павлака
  • 300 мл кондензирано млеко
  • чоколаден бисквит по ваш избор
  • 2 лажички екстракт од ванила (опционално)


Подготовка

  1. Истурете ја слатката павлака во ладен сад, па ако сакате додадете екстракт од ванила и кондензирано млеко и матете додека не добиете шлаг .
  2. Истурете во шприц или кесичка и нанесете шлаг на бисквитот, потоа додадете уште одозгора и наредете како сендвичи , па наредете на плех обложен со хартија за печење.
  3. Остатокот од шлагот намачкајте го преку колачот, а потоа израмнете го со нож или шпатула.

Ставете го во замрзнувач најмалку осум часа, а извадете го најмалку 15 минути пред послужување.


Декорирајте по желба: шарени трошки, рендано чоколадо, мелени ореви..