Пендаровски: Очекуваме во наредниот период уште неколкумина да бидат ставени на црната листа на САД

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва истакна дека во наредниот период се очекува уште неколкумина да бидат ставени на црната листа на САД.

  • Очекуваме во наредниот период уште неколкумина да бидат на таа листа. Не ги знаеме. Веројатно сличен калибар како вториот што е ставен на листа. Да, бизнисмен, според некои најави, иако не ги знаеме. Не ги кажуваат однапред имињата кои ќе бидат, меѓутоа профилот отприлика ни е даден со опис за тие двајца-тројца. Да не шпекулирам, тоа е нивна суверена одлука кога ќе ја објават. Велат наскоро. А што е тоа наскоро, не знам, рече Пендаровски на гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

САД неодамна на црната листа ги стави градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко и бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев.