Летечките одела на суперхеројот Ајронмен стануваат реалност (ВИДЕО)

Британски стартап подолго време развива модели со кои тренираат припадници на медицинските екипи на брза помош, како и воени единици.

Костумот овозможува вертикално полетување и задржување над тлото во воздух, за полесно да се стигне до непристапен терен, како и за стекнување на тактичка предност.

Компанијата работи со специјализирани болнички служби за одговор и разни сојузнички специјални и елитни единици за развој на летечките одела за цивилна и воена употреба.

Сепак, за развој на технологијата се потребни инвестиции, и основачите сметаат дека со популаризација на летечкиот уред може да се зголеми неговата популарност.

„Секој пат кога летам имам огромна возбуда. Сум летал во 38 различни земји, на најмалку 200 настани, и секој пат не можеш да си поверуваш кога ќе слеташ на земјата, дека си летал исто како да во најлудите соништа“, вели Ричард Браунинг, основач на „Гравити“.

Во планираниот серијал на летечки трки ќе се вклучат тренирани професионалци, но и цивилни учесници, познати личности и бизнисмени кои ќе ги тестираат нивните способности.