Лионел Меси ги здружи силите со поранешниот соиграч од Барселона – Серхио Бускетс потпиша за Интер Мајами!

Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Бускетс (34 г.) ќе ја продолжи кариерата во Интер од Мајами, објави синоќа клубот од американската МЛС професионална лига.

Трансферот значи дека Серхио Бускетс повторно ќе игра во иста екипа заедно со Лионел Меси, со кого 13 години беа клупски колеги во Барселона, пред Аргентинецот да замине за Париз во 2021 година.

Серхио Бускетс настапуваше за Барселона од 2005 година и одигра 722 натпревари, освојувачки девет шпански титули и три трофеи во Лигата на шампиони.

Само Чави (767) и рекордерот Лионел Меси (778) имаат одиграно повеќе натпревари во дресот на Барселона