ЛИОНЕЛ МЕСИ СЕ ВРАЌА ВО БАРСЕЛОНА !? Еве кои услови треба да ги исполни каталонскиот клуб за да ја врати назад својата легенда

Сензационалното враќање на Лионел Меси во Барселона се уште е можно и индициите за трансфер се позитивни, пишува шпанскиот весник Mundo Deportivo.

И покрај изјавите на претседателот на Ла ЛигаХавиер Тебас, дека амбициите на Барселона на лето не треба да бидат големи, извори од клубот се уште се оптимисти дека клубот ќе успее да постигне две клучни цели. Првата цел е да се пријават играчи на кои веќе им се продолжени договорите, особено младите надежи на клубот, Шпанецот Гави и Роналд Араухо и да се продолжи договорот со левиот бек Балде и Маркос Алонсо, кои може да го напуштат клубот.

Уште една цел на каталонскиот клуб е да потпише со големата желба на навивачите и претседателот на Лапорта, легендарниот Лионел Меси како слободен играч, откако излезе веста дека Аргентинецот дефинитивно ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот од сезона.

Лионел Меси

Договорот на Лионел Меси истекува на 30. јуни и тој има различни опции. Откако му кажа „не“ на ПСЖ пред еден месец, сè уште има заинтересирани клубови во САД како Интер Мајами, додека во Саудиска Арабија Ал-Хилал му нудат богатство за да се приклучи во нивните редови. Барселона сака Лионел Меси да го затвори периодот во каталонскиот клуб со овој потпис на подобар начин од фијаското во 2021 година кога Аргентинецот мораше да го напушти клубот. За Барселона, Лионел Меси е гаранција во однос на спортот, маркетинг приходите и имиџот. Клубот е свесен дека за да се исполнат овие цели, потребно е добро да се заработат пари во полето на трансфери, па затоа за можна продажба се номинирани Франк КесиеФеран Торес, скапото летно засилување Рафиња Ерик Гарсија и Маркос Алонсо. Проблемот е што ниту еден од споменатите играчи не сака да си замине, но клубот смета дека потенцијалниот недостиг на минутажа ќе биде одлучувачки фактор во овој случај. Се разговараше и за заминувањето на Ансу Фати, но младиот Шпанец сака да остане и потенцијално да го продолжи договорот. Се очекува слична операција како минатото лето, во која клубот ќе бара намалување на платите на некои играчи и нови спонзорски договори за дополнителна готовина.