УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО ТЕКСАС – Автомобил влетал во група пешаци на станица – седум загинати, најмалку шестмина повредени

Седум лица го загубиле животот, а најмалку шест се повредени откако автомобил удрил во автобуска станица во Браунсвил, Тексас, објави ABC News.

Осомничениот возач е приведен од страна на тамошната полиција, односно тој е во болница под полициски надзор поради повредите со кои се здобил.

Автобуската станица се наоѓа во близина на прифатилиште односно центар за мигранти и бездомници во пограничниот град во државата Тексас.