Меси најверојатно ќе игра на натпреварот од Лига купот во кој Интер Мајами ќе игра против мексиканскиот Круз Азул
Хорхе Мас, сопственикот на американскиот МЛС клуб Интер Мајами, најави дека Лионел Меси би можел да дебитира за тој тим на 21 јули, пренесува Анадолија.
Хорхе Мас за американскиот весник „Мајами Хералд“ изјави дека аргентинскиот фудбалски ас Меси планира да излезе на теренот во дресот на Интер Мајами на првиот натпревар од групната фаза на Лига купот против мексиканскиот тим Круз Азул.
Лига купот, во кој ќе настапат екипи од МЛС и мексиканската Премиер лига (Лига МХ), ќе се одржи од 21 јули до 19 август.
Поранешниот играч на Барселона и ПСЖ имаше водечка улога во победата на Аргентина на Светското првенство во 2022 година. Седум пати ја освојуваше Златната топка што ја доделува магазинот „Франс Фудбал“.