Литвански разузнавачи: Во рацијата во канцеларијата на Пригожин бил пронајден пасошот на неговиот двојник!
Контраразузнавачката служба на ЛИТВАНИЈА денеска соопшти дека пасошот пронајден при претресот на руските канцеларии на водачот на платеници Евгениј Пригожин му припаѓа на неговиот двојник. Тие тврдат дека двојникот на Пригожин го користел споменатиот пасош за да влезе во Литванија во 2020 година, пренесува Ројтерс .
Наводно, во канцеларијата била пронајдена поголема сума пари
Шефот на Вагнер вчера полета за Белорусија во согласност со договорот со кој заврши бунтот на неговите борци. Во неделата рускиот медиум „Фонтанка“ објави фотографии наводно направени за време на рација на руската служба за безбедност во седиштето на канцеларијата на Пригожин во Санкт Петербург.
На фотографиите имало и пасош на негово име. Сликите потоа биле избришани. Руските медиуми во саботата објавија дека во канцеларијата на Пригожин била пронајдена огромна сума на пари. Шефот на Вагнер набрзо објави дека се работи за пари наменети за платите на војниците и трошоците за транспорт на загинатите борци од фронтот.