ФОТО | Иванка Трамп е на прагот од петтата деценија а изгледа како ‘авион’! Таа открива како успева да остане во топ форма: “Овој пијалок никогаш не се прескокнува наутро!“

Како изгледа еден обичен ден за Иванка Трамп, ќерката на поранешниот претседател на САДДоналд Трамп ? Што е тоа што таа го применува за да изгледа толку совршено на 41 година, прашуваат многумина.

Ова прашање си го поставуваат многу девојки и жени особено по фотографијата што неодамна ја објави на својот Инстаграм профил на која се подготвува да сурфа во едноделен костим за капење. Витка линија и затегнато тело ја красат Иванка Трамп. И не е ни чудо, со оглед на тоа дека има посебни ритуали кои и помагаат да изгледа така.

Инаку, Иванка Трамп е мајка на три деца. Таа признава дека имала лоша исхрана пред бременоста. Таа јадела јаглехидрати три пати на ден, најчесто во форма на тестенини или пица. Таа сега следи разновидна и урамнотежена исхрана и избегнува преработени јаглехидрати и избира сложени, како што се цели зрна и овес, пишува магазинот The Daily Meal

Како што еднаш откри самата, таа се буди секое утро во шест за да медитира, а денот секогаш го започнува со голема чаша вода со лимон, а потоа и шолја кафе. Исто така, таа обично вежба дома, додека јогата, пилатес и танцот се нејзини верни пријатели за постигнување витка линија.

Сакам да станувам пред децата и да правам што сакам да правам, а потоа имам време целосно да се фокусирам на нив. Медитацијата е една од најважните работи што ги правам секој ден. Медитирам по 20 минути, два пати на ден. Понекогаш ми недостига попладневната медитација, но утрото е најважно“, откри еднаш Иванка Трамп.

Нејзиниот појадок обично се состои од грчки јогурт и бобинки или овесна каша.

Доколку децата бираат овесна каша, јас вадам разни видови адитиви, како што се семето чиа, бобинки, ленено семе, цимет, ореви и бадеми, а потоа им оставам на децата да си го украсат садот како што сакаат“, открила Иванка Трамп за магазинот.

Погледнете како изгледа Иванка Трамп ОВДЕ.