Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во неделата во Париз го освои 40. Мастерс во кариерата и знаеше како да го прослави тој успех.
Ѓоковиќ во финалето го совлада Бугаринот Григор Димитров со 2:0 во сетови, а по мечот реши да приреди прослава.
Српскиот ас победата ја прослави заедно со својот тим и блиски пријатели во ресторан во француската престолнина. На социјалните мрежи се појавија видеа од прославата на кои се гледа дека очекувано најсреќен е Новак.
Првиот рекет на светот играше во ритамот на музиката, а во еден момент вработените во ресторанот го изненадија и му донесоа торта со огномет. Овој гест го воодушеви Ноле, кој потоа го извади огнометот од тортата, а потоа мавташе и танцуваше со нив.
До крајот на сезоната Ѓоковиќ го очекуваат уште два големи турнири, најпрвин Завршниот Мастерс во Торино, а потоа играњето за српската репрезентација во Дејвис купот.