‘ЛУДИЛО’ ВО ФРАНЦИЈА – 400.000 луѓе излегоа на улица, гневните граѓани ја полија полицијата со киселина
Жестоки демонстрации се одржаа во четвртокот во главниот град на Франција, Париз. Според организаторите, во главниот град протестирале околу 400.000 луѓе, додека полицијата изброила само 57.000.
Во целата држава, според информациите од синдикатот, на улица излегле два милиони луѓе, додека Министерството за внатрешни работи на Франција изброило пет пати помалку. Во секој случај, одзивот бил огромен насекаде.
Заедно со мирните манифестации, групите од најрадикалните се судрија со полицијата, кон која фрлаа камења, шишиња, боја, па дури и киселина. А во сите овие демонстрации има и неколку повредени лица. Меѓу силите на редот, само во Париз биле повредени 77 лица, од кои 13 биле пренесени во болница, меѓу кои и две полицајки, од кои едната била повредена во окото, а другата паднала во несвест кога била погодена во кацигата со калдрма. Во целата држава повредени се вкупно 154 полицајци.
Искршени излози, запалени автобуски постојки, запалени контејнери… Настрадаа банки, а една од нив беше запалена во Париз. Гореше и тендата на ресторанот каде претседателот Емануел Макрон ја прослави победата во 2017 година.
На најрадикалните учесници на протестот им пречеа и новинарите кои ја снимија целата ситуација, со порака дека „не е тоа поентата“, туку во протестот е вистинската поента. Во Париз беа уапсени 31 учесник на манифестациите, а 111 од нив беа приведени низ цела Франција.
Ситуацијата ескалирала и на плоштадот „Данфер Роше“, на половина од протестниот марш во Париз, а тензично било и на крајот.