Лудо возење на Турчинка низ Србија, “летала” со брзина од 221,3 километри на час на пат каде е дозволено само 80! Радарот не можел да ја “фати” ( ВИДЕО )

Возила со брзина од 221,3 километри на час, на дел од патот каде што дозволената брзина е 80 километри.

Припадници на Управата на сообраќајната полиција запреле возило БМВ со германски регистарски таблички кое се движело со брзина од 221,3 километри на час на државниот пат Дољевац – Ниш, на дел од патот на кој дозволената брзина е 80 километри на час.

Возилото било управувано од 50-годишна турска државјанка која била исклучена од сообраќајот и против која е поднесена прекршочна пријава за насилничко возење.