ЛУКА ИМАЛ САМО 12 ГОДИНИ КОГА ПОЧНАЛ САМ ДА СИ ГРАДИ КУЌА: Сите му се смееле, а потоа ја видоа внатрешноста

Лука Тил решил да се зафати за работа кога му било досадно на одмор. Неговиот татко му дал идеја да си изгради мала куќа. Во тоа време Лука имал 12 години.

Прво, планирал како да заработи за материјали и алати: почнал да коси дворови низ населбата за пари, да чисти туѓи гаражи и се што носи џепарлак.

На Лука му биле потребни речиси година и пол и околу 1500 долари за да изгради куќа долга околу 3 метри, широка околу 2 метри и висока околу 3 метри.

Кога го заврши својот дом, Лука со гордост погледна во малата куќа која има кујна, дневна соба и спална соба.

Без разлика што во изградбата му помогнал татко му, оваа заслуга му припаѓа само на Лука затоа што во текот на година и пол ова момче не се откажало додека проектот целосно не завршил.

Оние кои не знаат за трудот што Лука го вложил во својот дом од 8 квадрати – сигурно би му се насмеале што живее во толку мала куќа, но еден поглед на неговата рачна работа ги засрами сите цинични луѓе.

Погледнете како изгледа неговата куќа: