Лукот во комбинација со овој зачин прави чуда за организмот и е богатство за имунитет

Се чини дека никогаш немало повеќе совети за тоа како да го подобриме здравјето на природен начин, односно што треба да направиме за да го зајакнеме имунолошкиот одговор на нашиот организам и без разлика колку се разликуваат препораките, секогаш се издвојува една моќна храна.

Лекарите советуваат во секојдневната исхрана да ги вклучиме лукот и куркумата бидејќи тие се природни антибиотици кои убиваат вируси и инфекции.

Лукот е најсилниот природен антибиотик и неговите позитивни својства за здравјето е тешко да се набројат: го содржи важното соединение алицин, кое го спречува стрептококусот ауреус и опасната бактерија, pseudomonas aeruginosa, која предизвикува пневмонија, инфекции на коските и сепса. Тој е ефикасен лек против срцеви инфекции, како што е ендокардитисот, кој може да предизвика срцев удар.

Нутриционистите тврдат дека лукот најдобро делува во свежа или згмечена форма. Варениот лук е подобар за заштита на крвните садови.

Лекарите советуваат секој човек да јаде по 4 чешниња лук дневно, освен кај лицата со низок крвен притисок на кои им се препорачува помала количина.

Куркумата има многу позитивни ефекти врз здравјето, поради што е наречена „жолто злато“. Ги намалува болките во грлото, габичните инфекции, помага при хипертензија, импотенција, лечи акни, го намалува ризикот од мозочен удар и спречува згрутчување на крвта.