„Мажот е маж, а жената е жена“

Премиерот на Велика Британија Риши Сунак денеска изјави дека „мажот е маж, а жената е жена“ и дека не треба да се врши притисок врз луѓето да веруваат дека можат да бидат од кој било пол.

Зборувајќи за тоа како општеството треба да се однесува кон трансродовите луѓе, Сунак на годишната конференција на неговата Конзервативна партија рече дека „не треба да бидеме малтретирани да веруваме дека луѓето можат да бидат од кој било пол“, објави Ројтерс.

„Не можам да бидам. Мажот е маж, а жената е жена“, изјави британскиот премиер.