Маж се удави во канал обидувајќи се да си ги најде клучевите – Бизарна несреќа во Белгија

29-годишен маж се удави во белгискиот град Остенде откако се обидел да ги извади клучевите што му паднале во водите од градскиот канал.

Според „Белгиум тајмс“, несреќата се случила во близина на училиште „Конинклијк Верк Ибис“ кога двајца мажи на возраст од 29 и 21 година се обиделе да ги извадат клучевите, поради што постариот маж се лизнал и паднал во водата.

Помладиот се обидел да го спаси својот пријател, но од силната струја и тој паднал во водата. Минувачите брзо ја повикале Итната помош и успеале да го извлечат 21-годишникот, кој потоа бил пренесен во болница во тешка состојба, но денеска е е веќе стабилизиран.

За жал другиот маж, жител на Остенде, бил однесен од струјата. Спасувачите започнале потрага веднаш, но телото на удавениот го нашле дури изутрината.