По Бугарија вечерва слаб земјотрес и во Албанија

Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во Јадранското Море, недалеку од албанскиот брег.

Земјотресот е регистриран на 52 километри од пристаништето Драч, на длабочина од 10 километри, а е почувствуван и во Црна Гора.

Претходно денеска во Бугарија е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала.