„Македонија има многу пари, но за граѓаните нема никаков ефект“, вели Димитриевски

Градоначалникот на Куманово и претседател на Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 вели дека во Македонија има многу пари, но за граѓаните тоа нема никаков ефект.

„Македонија очигледно има многу пари, но парите на крајот не се фактуираат на терен да ги почувствуваат граѓаните“, додаде Димитриевски.