Македонските тенисерки го освоија четвртото место во БЏК купот

Македонската женска тениска репрезентација го освои 4. место во БЏК купот во Втората евро-африканска зона што се игра во Вилнус, Литванија.

Македонките денес постигна две сингл победи против Израел.

Прво Магдалена Стоилковска ја победи Мика Бучник со 2:0, по сетови 6:2 и 6:4.

Во вториот меч, Лина Ѓорческа исто така со 2:0 беше подобра Карин Алтори. Двта сета Ѓорческа ги доби без изгубен гем, со по 6:0