Починаа најстарите споени близнаци во светот, Лори и Џорџ Шапел

Најстарите споени близнаци во светот, Лори и Џорџ Шапел, починаа на 62-годишна возраст.

Џорџ е роден како Дори и во 2007 година објави дека е трансродов маж. Пееше кантри музика и настапуваше низ САД, Германија и Јапонија. Лори одеше на куглање.

Тие делеле 30 проценти од телото. И покрај тоа, тие водеа одвоени животи. Лори еднаш коментираше за нејзиниот љубовен живот.

„Кога одев на состаноци, Џорџ носеше книги. Не гледам зошто тоа што сум заедно со брат ми би ме спречил да имам љубовен живот и да се чувствувам како жена“, изјавила таа.

Овие споени близнаци отсекогаш велеле дека не сакаат да се разделат.

„Дали би биле разделени? Апсолутно не. Зошто да поправиме нешто што не е скршено?

Со 62 години и 202 дена влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најстари споени близнаци во светот.