Македонската фудбалска репрезентација попладнево во Прага ја очекува квалитетен противник против кој „црвено – жолтите“ имаат негативна традиција во официјалните меѓусебни дуели.
Двете репрезентации во минатото четири пати се сретнаа на официјални натпревари и на сите четири победата ја однесоа украинските фудбалери.
Во квалификациите за ЕУРО 2016, Украина на 12 октомври 2014 година во Лвов триумфираше со 1-0, а на реваншот на 9 октомври следната година беше поуспешна во Скопје со 2-0.
Украинците извојуваа победа и на дуелот на дебитантскиот настап на македонската репрезентација на ЕУРО2020, триумфирајќи со 2-1 во Букурешт.
Последниот официјален натпревар меѓу двете репрезентации се одигра во јуни во Скопје, кога Украинците со неверојатен пресврт и три голови во второто полувреме победија со 3-2.
Од друга страна, пред денешниот петти меѓусебен дуел Украина има лоши спомени на „Епет Арена“ во Прага на која гостуваше во 2011 година кога загуби од Чешка со 4-0.