Македонците сами го уредија патот Стеблево-Клење и ги поканија албанските политичари дека „може да дојдат за глас“

– Македонците од селото Клење област Голо Брдо деновиве самоиницијативно реализираа активност за уредување на патот што го поврзува со село Стеблево, што бил во многу лоша состојба.

-Сега, драги политичари можете да дојдете да го побарате гласот! Момчиња од Клење во припомош со две момчиња од Стеблево завршија колосална работа со пополнување на многуте ударни дупки и попесочување на патниот сегмент Стеблево-Клење, стои во објавата на Фејсбук страната на село Клење.

Во име на жителите  месната заедница од Клење изразуваат голема благодарност до младите од нивното село, неколкуте од село Стеблево како и до  иселениците Елион Форгали и Дурим Зуна кои во неможност лично да учествуваат испратиле други лица.

Областа Голо Брдо ја сочинуваат 22 села, главно населени со Македонци. Се вбројува во најнеразвиените области во земјата, каде и денес повеќето од населените места се поврзани со макадамски патишта.