Ученик подготвил список за ликвидација: Аларм во Бјеловар, децата во паника – морничаво видео се шири на социјалните мрежи

Ученичка во училиште во Бјеловар имала список со соученици за ликвидација. Оваа информација ја потврдија и голем број родители.

Имено, нивните деца денеска ги запознале со оваа информација, иако списокот за убиства со имињата и презимињата на учениците бил објавен пред неколку дена на Тик Ток и сè уште кружи на социјалните мрежи.

Набргу по објавувањето за видеото била известена полицијата која за многу кратко време го привела ученикот, а видеото набрзо било избришано.

Сепак, наводно има слики од екранот направени од учениците во училиштето, така што тие сè уште можат да се најдат во некои приватни групи на социјалните мрежи.

Ученикот се заканувал дека ќе ги убие сите кои биле на списокот, а за целата приказна бил известен и регионалниот Завод за социјална работа.

Ученикот кој го составил списокот, очигледно врз основа на белградската трагедија, истиот ден бил избркан од бјеловарското училиште.

– ,,Уениците од цел клас се вознемирени од ученик која им се заканува дека ќе ги убие. Таткото на дотичниот ученик е ловец и има пристап до оружје, кое е опасно. За жал, ние како родители не бевме информирани за ова, децата дознаа дури денеска” гласи една од пораките на родителите.