Нов удар за Зеленски! Украина не може да стане членка на НАТО, Русија повторно вмеша прсти (фото)

Украина нема да може да се приклучи на алијансата додека има конфликт на нејзина територија, а НАТО го разбира тоа, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас, говорејќи на меѓународниот безбедносен форум Шангри-Ла Дијалог во Сингапур.

– Во однос на Самитот на НАТО во Вилнус, секако, го поддржуваме патот на Украина кон членство во НАТО. Сите разбираат дека тоа не може да се случи додека трае војната – истакна таа.

Во средината на мај, ,,Вашингтон пост” објави, повикувајќи се на свои извори, дека земјите од НАТО одлучиле да не испратат покана до Украина да стане членка на Северноатлантската алијанса на самитот во литванската престолнина, туку да разговараат за можноста за зајакнување соработка со Киев. Според весникот, меѓу земјите-членки на алијансата, и покрај повиците на Киев, имало консензус дека НАТО за време на самитот 11-12. јули во Вилнус нема да и’ испрати на Украина официјална покана за приклучување.

НАТО даде политичка изјава на самитот во Букурешт во април 2008 година дека Украина на крајот ќе стане членка на НАТО, но одби да обезбеди Акционен план за членство – првиот чекор во правниот процес за пристапување во организацијата.

Во февруари 2019 година, Врховната Рада ги одобри амандманите на Уставот на Украина, со кои се фиксира аспирацијата за членство во НАТО. Претседателот Володимир Зеленски постојано изјавува дека Киев сака да постигне конкретни услови за приклучување кон алијансата.