Макрон се заложи за понизност во Африка и отфрли стратешки натпревар

– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на „понизност и одговорност“ во активностите на неговата земја во Африка и го отфрли стратешкиот натпревар наметнат од војската и нејзините платеници.

– Многумина би сакале да не охрабрат да влеземе во натпреварот, што од моја страна го сметам за анахроно… Некои доаѓаат со својата војска и нивните платеници, рече Макрон, алудирајќи на Русија и руската паравоена група „Вагнер“, која распореди свои припадници во Централноафриканската Република и во Мали.

Макрон рече дека поминало времето кога се мерело нечие влијание според бројот на воени операции.

„Треба да изградиме нов балансиран, реципрочен и одговорен однос“ со земјите на африканскиот континент, рече Макрон за време на говорот во Елисејската палата пред неговата африканска турнеја.

Францускиот претседател в среда ќе започне турнеја низ африканските земји во чии рамки ќе посети четири централноафрикански земји – Габон, Ангола, Конго и Демократска Република Конго.

Говорот на Макрон доаѓа по завршувањето на антитерористичката операција Бархан во Сахел и присилното повлекување на француските војници од Мали и Буркина Фасо.

Мали и Буркина Фасо сега се под контрола на воените хунти, а во тие земји не се крие непријателскиот став кон Франција.