Алкараз и Надал направија спектакл во Лас Вегас: Помладиот победи, но сите зборуваат за вештините на Рафа!

Спектакл во Лас Вегас во режија на Карлос Алкараз и Рафаел Надал.

По голема борба на егзибицијата, победата ја извојува помладиот од двајцата шпански играчи – 3:6, 6:4, 14:12. Во мечот кој беше наречен „Нетфликс слем“ славеше вториот тенисер во светот, иако и неговиот постар и поуспешен сонародник покажа феноменални потези.

Рафа го освои првиот сет, а потоа во третиот на спектакуларен начин ја спаси меч топката и тие потези брзо станаа вистински хит на социјалните мрежи. На сите им покажа дека не заборавил да игра и дека „огнот“ се уште е таму. Само да се опорави и да го доведе своето здравје на ниво да може да игра тешки и исцрпувачки натпревари. Само толку…

„Неговиот борбен дух е неверојатен. Тој никогаш не се откажува, трча до секој агол од теренот, погодува нереални шутеви. Изгубив неколку меч топки пред да победам затоа што погодив неколку феноменални шутеви. Тој никогаш не се откажува и тоа е нешто што пробувам да го вградам во мојата игра. Тој менталитет што го има, наоѓа решение и кога работите не функционираат, тоа е за восхит. Мислам дека секој во животот треба да размислува така“, изјави Алкараз. Погледнете еден од тие потези: