Малолетничка од Кавадарци пријавила дека роднина извршил обљуба врз неа, информираа денеска од СВР Велес.
– Завчера околу 15.45 часот во ОВР Кавадарци, малолетничка од Кавадарци пријавила дека нејзин роднина А.М.(25) од Велес, кој бил пуштен на викенд од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, извршил обљуба врз неа. А.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од СВР Велес.