Манчестер јунајтед ја забележа рекордната 13. победа во Премиер лигата по заостанување од 0:2

 Манчестер јунајтед вчеравечер на домашен терен го совлада Нотингем Форест во натпреварот од 3. коло на Премиер лигата со 3:2. „Црвените ѓаволи“ губеа по само четири минути со 0:2.

Тимот од „Олд Трафорд“ ја извојува 13. победа во Премиер лигата, откако во текот на мечот имал два гола негатива. 

Според оваа статистичка категорија тимот има највисок резултат меѓу клубовите од шампионатот на Англија.

Манчестер јунајтед е петти во Премиер лигата со шест бода.