Маричиќ на средба со Ларсон Џаин: Остварувањето на европската иднина за нашите граѓани е најважниот приоритет

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин.

На средбата Маричиќ и Ларсон Џаин разговараа за продолжување на соработката со дефинираните стратешки чекори во реализација на проектите, поддршката
со цел да се исполнат сите потребни услови за натамошно непречено продолжување на преговарачките процеси.

Јасната дефиниција на Шведска и Македонија, кои споделуваат заеднички вредности и цели за забрзување и помош за влез на земјата во ЕУ, е приоритет и цел на која се работи фокусирано и континуирано.

„Благодарен сум за плодната соработка што ја имаме со шведскиот амбасадор Ларсон Јаин и поддршката од Кралството Шведска, следните чекори се во насока на остварување на европската иднина за земјата и нашите граѓани и тоа е наш приоритет за кој ние несомнено се стремиме до исполнување на целта“, рече Маричиќ.