Маричиќ-Попеску: Молдавија ја има нашата поддршка на патот кон ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ одржа средба со Министерот за надворешни работи и европска интеграција на Молдавија Нику Попеску, на која, како што информираат од неговиот кабинет, било истакнато дека Северна Македонија дава поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на Молдавија, како и за нејзините аспирации за членство во Европската Унија.

– Молдaвија е наш регионален пријател и ја има нашата поддршка во отворањето на преговорите со ЕУ.  Силно го поддржуваме напорот на нашите пријатели од Молдавија да започнат преговори за членство во Европската Унија. Споделувањето на искуството во процесот на преговорите, за нас значи продлабочување на односите со нашите пријатели со цел заеднички придонес за засилување на регионалната соработка и интеграција, истакнал Маричиќ. 

Средбата на вицепремиерот Маричиќ со молдавскиот министер Попеску, како што информираат, е во рамки на Самитот на ОБСЕ што се одржува во Скопје