ХОРОР НА ЕДНО ОД ОМИЛЕНИТЕ ОДМАРАЛИШТА НА МАКЕДОНЦИТЕ – Пронајдени телата на исчезнатата руска манекенка и нејзината ќерка завиткани во чаршафи

Руската манекенка Ирина Двизова (42 г.) и нејзината ќерка Дајана (15 г.) се убиени, а нивните тела се пронајдени завиткани во чаршафи во близина на популарното турско одморалиште Бодрум.

Откако беа откриени нивните тела, започна меѓународна потрага по осомничениот Андреј Куслевич (45 г.), поранешниот сопруг на Ирина Двизова.

Се шпекулира дека убиството може да има врска со спорот за старателството над помладиот син на Ирина Двизова. Момчето сега е исчезнато, пишува Daily Mail, а полицијата верува дека е со својот татко. Имено, летово Ирина Двизова побарала од судот да го спречи Андреј Куслевич да добие пристап до момчето.

Андреј Куслевич бил телохранител на украински бизнисмен, а во Русија се барал поради бегство од притвор, каде што бил приведен за наводна кражба.

Роднините го пријавиле исчезнувањето на Ирина Двизова и нејзината ќерка откако долго време не контактирале со нив, а полицијата во нивната вила во Бодрум пронашла крв и машки отпечатоци.

Полицијата ги пронашла телата благодарение на камерите на нивните автомобили.

Постариот син на Ирина ДвизоваДејвид (20 г.) изјавил дека неговиот очув претходно ја малтретирал и тепал неговата мајка, а таа не му дозволувала да се зближи со помалиот син, пишува Daily Mail.