Масовна тепачка на навивачи во Малта: Домаќините ги испровоцираа Израелците скандирајќи ,,ПАЛЕСТИНА” ВИДЕО

Натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу Хамрун и Макаби Хаифа во еден момент беше прекинат поради масовна тепачка на навивачите.

Малтајците почнаа да ги провоцираат гостите од Израел со извици „Палестина“, а потоа следеше реакција.

Гостинските навивачи почнаа да ги уриваат барикадите меѓу нив и домашните симпатизери за да се пресметаат.

Дошло до конфликт со полицијата која се обидела да ја смири ситуацијата.

Во смирување на ситуацијата се вклучија и фудбалери кои за среќа спречија ескалација на конфликтот.