Чекор кој може да доведе до ужасна ескалација: Украинците првпат употребија американски касетни бомби

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, донесе одлука да испрати касетна муниција во Украина.

Токмак, украинскиот град во областа Запорожје, кој беше окупиран од Русите, бил погоден од касетна муниција, соопштија службите за вонредни ситуации на регионот.

– Во 17:15 часот милитантите на нацистичкиот режим во Киев го гранатираа Токмак.

Според прелиминарните информации, непријателот употребил касетна муниција – се наведува во соопштението, а пренесуваат медиумите.

Да потсетиме, претседателот на САД Џозеф Бајден донесе одлука да испрати касетна муниција во Украина.

САД минатата недела објавија дека како дел од безбедносниот пакет вреден 800 милиони долари, ќе испратат касетна муниција во Украина, која е забранета со конвенција во повеќе од 100 земји.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека Русија може да биде принудена да употреби „слично оружје“ против Украина, на која САД ќе и’ испратат касетна муниција.