Масовниот убиец од Младеновац правел проблеми и во притвор – го нападнал својот цимер во ќелијата: “Го (пре)тепал со тупаници!“
Откако убиецот од Младеновац на 4. мај годинава уби осум лица, а рани 14, српските медиуми јавуваат дека тој пред некој ден се степал во притвор, во затворското одделение во Смедерево.
Како што неофицијално дознава веб-порталот Nova.rs, Урош Б. се скарал со својот цимер во притворот, а потоа физички го нападнал и го удрил со тупаница по лицето.
„Затвореникот кој се борел со Урош добил модринка на окото, додека убиецот бил неповреден“, рекол изворот, пренесува Nova.rs.
На рочиштето Урош Б. призна дека пукал во луѓе и кажа дека тоа го направил бидејќи чувствувал дека „мештаните заговараат нешто против него“ и дека „му се потсмеваат“. Тој масакарот го предизвика во Мали Орашје, а потоа и во селото Дубона. Потоа украл автомобил, а влегол и во такси, заканувајќи им се на возачот и на патникот и барал од таксистот да го однесе во Крагуевац каде беше и уапсен.
Да потсетиме, овој масакр се случи само еден ден по масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.