МАСОВНИ АПСЕЊА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – Сите оние кои го поддржуваа Нермин Сулејмановиќ во страшниот масакар ќе завршат зад решетки !?
Досега се уапсени околу 40 лица кои во директниот пренос на социјалната мрежа Инстаграм му дадоа поддршка на налудничавиот убиец Нермин Сулејмановиќ кој брутално уби три лица – неговата невенчана сопруга Невзета Хеќимовиќ, како и татко и син, кои се турски државјани.
Повредени се полицаец и граѓанин, како и жена, сопругата на убиениот. Според последните информации од босанските медиуми – таа е во тешка состојба.
Полудениот убиец Нермин Сулејмановиќ во живо го пренесуваше бруталното убиство на својата невенчана сопруга, а уште пострашно беше што многу луѓе го поддржаа.
Како што вели Рамо Исак, министер за внатрешни работи на Босна и Херцеговина, се спроведуваат активности за регистрација на поединци.
„Директорот на ФУП ме информираше дека одделот за компјутерски криминал на ФУП веќе спроведува активности поврзани со снимање на лица кои на социјалните мрежи го поддржувале и величале убиството и убиецот“, изјавил Рамо Исак.
Според извори блиски до истрагата, ФУП во соработка со ресорното обвинителство ќе започне процес на лоцирање и документирање на сите лица кои преку своите објави ширеле омраза, дале поддршка, величале убиство и убиецот, не само на Инстаграм, но и на сите други социјални мрежи.