Матичните лекари од Куманово реагираат за изречени казни

И матичните лекари од Куманово реагираат за добиените казни изречени на ординации за, како што велат, наводни пречекорувања на издадени лекови. Претседателот на Здружението на матични лекари од Куманово, д-р Фатмир Асани, рече дека 15 здравствени организации биле парично казнети. Кумановските лекари бараат и зголемување на бодот.

-Даваме поддршка на протестот, но нема да ги затвориме ординациите. Во Куманово околу 15 здравствени ординации се казнети парично за препишување на лекови, антибиотици или други. Лекарот не е тој кој постојано брои туку пишува кога има потреба, се обидуваме тоа да биде рационало. Не зависи само од нас туку и од специјалистите, изјави д-р Асани.

Кумановските лекари велат дека им се зголемени трошоците, бараат институциите да го зголемат и бодот.