Мајката на Новак Ѓоковиќ е блиска пријателка со оваа пејачка: Беше тука за неа во најтешките моменти од нејзиниот живот (фото)

Мајката на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Дијана Ѓоковиќ, успешно ја штити приватноста на своето семејство од очите на јавноста. Опкружена е со тесен круг луѓе, меѓу кои и пејачката Ана Бекута .

На социјалните мрежи кружеа видеа на кои фолк ѕвездата Ана Бекута пее на славата на Ѓоковиќ. Сите сакаат да се забавуваат со нејзините песни, добро е познато каква атмосфера може да создаде, а Дијана и Срѓан ја дочекаа новата година со Бекута.

Мајката на најдобриот тенисер беше и една од угледните гости на прославата на 60-тиот роденден на Ана во септември 2019 година. Меѓу поканетите беа и нејзините колешки, како Снежана Ѓуришиќ, Вики Миљковиќ, Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ, Милица Павловиќ, Ацо Пејовиќ… Но најголемо внимание привлече Дијана Ѓоковиќ.

Сите во големото семејство на Ноле сакаат да се забавуваат и да се релаксираат со добра песна, а причините за славење секако има многу, бидејќи тенисерот не престанува да постигнува успеси. Го видовме и како ракува со микрофонот, ја слушнавме и Јелена, но секогаш е подобро музичкиот дел од забавата да им се остави на професионалците.

Покрај тоа, Ана Бекута и’ е блиска пријателка на Дијана, а тие две си беа најголема поддршка во тешките моменти, пишува „Хелоу“.