Мајката првпат очи в очи со синот – убиец, дошла да го види: Додека тој сведочеше пред камера, таа седеше до него! Татко му не сакал да го види

Четири часа денеска траеше сослушувањето на момчето-убиец (14), кој во крвавиот пир уби 9 врсници и училишен чувар.

Малолетниот монструм од центарот на Белград денеска беше детално сослушан во постапката против неговиот татко В.К., кој е осомничен дека нелегално чувал оружје и го обучувал својот син да пука.

ПРВПАТ ЈА ВИДЕ МАЈКА СИ

До момчето, во болницата седела неговата мајка како законски застапник, односно старател, а сите прашања упатени до момчето биле поставени преку обвинителот кој ја води истрагата против неговиот татко за тешка кривично дело против општата безбедност.

Ова беше првпат момчето-убиец да се сретне со својата мајка од денот на масакрот, по што беше сместен во посебна установа.

Родителите на жртвите имаа можност да поставуваат прашања преку обвинителот, тие видно потресени ја напуштија судницата.

– Им беше многу тешко да го погледнат другарот на нивните деца, кој брутално ги убии, но тие се однесуваа храбро и достоинствено на сослушувањето.

Таткото на момчето, кој е во притвор, не присуствуваше на рочиштето иако имаше право на тоа како осомничен.

Момчето-убиец беше испрашуван преку видео-врска помеѓу психијатриската установа во која се наоѓа и Вишото јавно обвинителство во Белград. На рочиштето во Палатата на правдата, каде што е Вишото јавно обвинителство, присуствуваа и родителите на убиените деца во ОУ „Владислав Рибникар“, кои рочиштето го следеа преку монитори.

-Додека одговараше на прашањата беше ладен, не покажуваше никакви емоции, во еден момент дури рече „Не се сеќавам кога последен пат плачев“. Беше без емоции и кога рече „извини“ не им изрази ни сочувство на мајките на неговите пријатели кои ги уби, кои беа присутни на рочиштето – открива изворот и додава дека ниту на лицето на момчето убиец не можело да се забележи ни трунка каење .