Мајка го ставила бебето во рерна, детето починнало на лице место! Трагедија во Канзас: Вака се правдаше мајката монструм

Грозоморен случај го потресе Канзас, а како што пренесуваат американските медиуми, бебето починало откако нејзината мајка го ставила во рерна.

Бебето починало откако нејзината мајка по грешка ,,го спуштила да дремне во рерната”, објавија американските медиуми.

Марија Томас од Канзас беше обвинета за загрозување на благосостојбата на едно дете.

Во петокот попладне полицијата реагирала на пријава дека бебето не дише.

Во соопштението за можната причина за смртта се наведува дека спасувачите го пронашле детето со изгореници.

Кај бебето е констатирана смрт на местото на настанот.

Во соопштението се наведува дека сведокот на полицијата и’ рекол дека мајката „го спуштила детето да дреме и случајно го ставила во рерна наместо во креветчето“.

Не е објаснето како настанала грешката.