ЏОНИ ДЕП СЕ ОНЕСВЕСТИ ВО ХОТЕЛСКАТА СОБА: Фановите загрижени за здравјето на омилениот актер, а лекарите веднаш излегоа на терен!

Актерот и музичар Џони Деп требаше да настапи со својот бенд „Hollywood Vampires“ во Будимпешта, но сепак настапот беше откажан.

Според медиумите, Џони Деп се онесвестил во својата хотелска соба, а благодарение на брзата реакција на лекарот, здравјето на актерот сега е добро. Поради ситуацијата во која се најде Џони, бендот не можеше да настапи пред многубројните фанови.

Арената беше преполна со фанови кои едвај чекаа да го видат својот „идол“ и да ги слушнат познатите звуци, но веста во последен момент ги фати неподготени.

Се беше наместено, бекстејџот беше подготвен за забавата. Никој не мислеше дека може да има проблем, особено што членовите на бендот го направија сетапот на звукот што беше закажан за попладне – изјави еден од организаторите.

На социјалните мрежи многу фанови ја изразија својата загриженост за Џони и му посакаа брзо закрепнување.

Ова не е првпат групата да се соочи со тешкотии. Во јуни Џони го повреди зглобот, по што неколку настапи во Америка беа откажани, а многумина сугерираат дека славниот актер моментално минува низ многу тежок период.