Мајка организирала блудни забави за нејзиниот син (15) и неговите другари: Ги опивала и ги терала на интимни дејатва! Еве што ја разоткри (фото)
Шенон О’Конор е обвинета за организирање луди забави за 14-годишни деца, вклучително и еден од нејзините синови, каде што наводно охрабрувала сексуални дејатвија и малтретирање млади девојчиња. Ова е случај кој одекна низ целиот свет, а сега обвинителите ги открија нејзините вознемирувачки пребарувања на интернет.
Средовечната Шенон О’Конор, позната и како „мајка за забава“ – обвинета за организирање развратни забави со малолетници на возраст од 14 години, вклучувајќи го и нејзиниот 15-годишен син. Таа сега се соочува со 39 обвиненија поврзани за различни форми на злоупотреба на деца.
Сега, во ново поднесените судски документи, канцеларијата на окружниот обвинител на округот Санта Клара откри наводни интернет пребарувања пронајдени по форензичко пребарување на мобилниот телефон на Шерон. Додека обвинителите тврдат дека таа извршила различни пребарувања откако дознала дека е под полициска истрага – од тоа дали имало налог за нејзино апсење до тоа дали би можела да биде кривично гонета во Калифорнија по бегството во Ајдахо до законите поврзани со давање алкохол на малолетници.
Највознемирувачкото пребарување на сите овие наведени интернет прашања се однесува на сексуализацијата на децата.
Инспекторите, исто така, велат дека пронашле повеќе видеа преземени на нејзиниот телефон од различни платформи на социјалните медиуми, според Law and Crime. На наводните видеа беа прикажани млади девојки, кои изгледаа како малолетни, во облека која наводно била многу провокативна.
Организираше тајни забави за малолетници
Шенон пред две години беше обвинета за 39 кривични дела, вклучувајќи злоупотреба на деца, сексуален напад и давање алкохол на малолетници, од страна на Окружниот обвинител на округот Санта Клара.
Според изјавата на обвинителството, О’Конор тајно организирала забави во нејзиниот дом и во изнајмено сместување, каде давала алкохол и кондоми на тинејџери, главно 14 и 15 години. Таа беше единствената возрасна присутна. Инспекторите велат дека тинејџерките пиеле до степен на повраќање, не можеле да издржат, па дури и се онесвестиле во повеќе наврати додека таа ги охрабрувала да вршат интимни дејствија меѓу себе – од кои многу не биле консензуални.
Според локалните вести KRON 4, Шенон планира да направи дел од својата одбрана тврдење дека секоја интимна активност помеѓу малолетници во нејзиниот дом била целосно доброволна и консензуална. О’Конор се изјасни дека не е виновна по ниту една од точките од обвинението, нејзиниот следен судски состанок е на 6 ноември.