“МАЈКА” ЈА ПРОДАДЕ СВОЈАТА ЌЕРКА (3) НА МОНСТРУМ ЗА 30 ДОЗИ ДРОГА: Камерата ги снимила последните моменти на девојката ПРОНАЈДЕНА СИЛУВАНА И КРВАВА (ВИДЕО)

Тригодишната Луз Маида не можела да разбере што се случува кога нејзината мајка ја разбудила среде ноќ и ја турнала во прегратките на непознат маж.

А вистината беше премногу ужасна затоа што Аурелиа Салинас (42) ја му продаде својата тригодишна ќерка на дилерот со кој беше во врска во замена за 10 фунти вреден крек?! Морничавите снимки од надзорната камера покажува како Луз во раните утрински часови во Педро Хуан Кабаљеро, Парагвај ја однесува дилерот на дрога на нејзината мајка. Набргу потоа била силувана и убиена.

Нешто повеќе од 24 часа подоцна, преплашените соседи го пронашле крвавото тело на Луз во напуштената куќа. Луз, која често ја гледале облечена во син фустан со испечатени ликови од цртаните филмови, била изневерена од нејзината мајка за 30 дози крек.

Потресната и срцепарателна снимка покажува како Луз се обидува да избега од канџите на дилерот кој ја носи од нејзиниот дом. Додека се движи по калливиот пат, тој ја носи Луз во едната рака и се чини дека ја удира по лицето со слободната рака за да ја натера да престане да се превива.

Дилерот, чие име не се соопштува, го силувал и убил тригодишото девојче кое уште не тргнало на училиште. Првичните информации говореа дека таа се задушила. Нејзиното ситно тело било откриено завиткано во кошула на кревет во напуштена куќа.

Наводно, гневните мештани се обиделе да ја линчуваат мајката, откако таа на сослушувањето признала дека е вмешана во убиството на нејзината ќерка. Нејзиното момче подоцна го признало убиството.

Мајката Монструм првично и рекла на полицијата дека Луз исчезнала додека спиела, но признала дека ја продала ќерка си за дрога откако полицијата добила снимки од надзорните камери.

Уапсен е и тинејџер (17) кој исто така бил вмешан во грозоморното злосторство.

Полицијата соопшти дека Салинас била под дејство на дрога и изгледала незаинтересирана додека полицијата трагала по девојчето.

На погребот на Луз присуствувале повеќе од 300 локални жители, а некои соседи подоцна ја запалиле куќата во која било пронајдено нејзиното тело.

Инспекторите рекоа дека семејството имало историја на трагедија. Инаку, Салинас има уште седум деца – меѓу кои и девојче (12) кое наводно го подведувала на маж.