Мајкрософт ќе користи вештачка интелигенција во програмите на „Офис“

Оваа нова функција наречена „Копилот“ (Copilot) ќе овозможи сумирање на долги електронски пошти, изготвување нацрт-приказни во Ворд (Word) и анимирање на слајдовите во ПаверПоинт (PowerPoint).

Американската технолошка компанија „Мајкрософт“ соопшти дека ќе додаде вештачка интелигенција во програмите на „Офис“, вклучително Word, Excel и Outlook.

Според соопштението на компанијата, оваа нова функција наречена „Копилот“ (Copilot) ќе овозможи сумирање на долги електронски пошти, изготвување нацрт-приказни во Ворд (Word) и анимирање на слајдовите во ПаверПоинт (PowerPoint).

Во соопштението се вели дека Мајкрософт во своите апликации ќе ја додаде и функцијата „Business Chat“, која личи на „ChatGPT“, четбот со вештачка интелигенција, кој во последно време стана популарен.

Се истакнува дека функцијата „Копилот“ може да сумира долги електронски пошти во врска со одреден проект.

Колет Сталбаумер​​​​​​​, генерална директорка на „Microsoft 365“, истакна дека овие нови функции моментално им се нудени само на 20 корпоративни клиенти и дека во наредните месеци ќе им се нуди на повеќе клиенти.