ОТРУЕНА РУСИНKATA КОЈА УЛЕТА ВО ТВ ЕМИСИЈА СО ПОСТЕР ПРОТИВ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА? Таа одеднаш се разболела додека го напуштала станот

Француското обвинителство го истражува наводното труење на руска новинарка кој побегна во таа земјата откако ја осуди војната во Украина за време на директен пренос на руската телевизија.

Марина Овсијаникова повика брза помош и беше хоспитализирана откако одеднаш и се слошило додека го напуштала својот стан во Париз и рекла дека се сомнева дека е отруена, соопшти париското обвинителство.

Полицијата извршила претрес во нејзиниот стан, а истрагата е во тек. Организацијата за набљудување на медиумите Репортери без граници, која и помогна на Овсијаникова да избега од Русија и да се насели во Франција, рече дека нивниот тим бил со неа откако таа побарала лекарска помош. Групата, позната и по францускиот акроним RSF, немаше дополнителни информации за тоа што се случило.

Русија ја осуди на 8 и пол години затвор

Овсијаникова, која работеше за руската државна телевизија Канал 1, привлече меѓународно внимание во март 2022 година, откако се појави зад водителот на вечерните вести со натпис: „Стоп за војната, не верувајте во пропагандата, ве лажат. “

Таа беше обвинета за навреда на руската армија и казнета со 30.000 рубљи (270 долари во тоа време). Таа подоцна организираше протест во близина на Кремљ во јули 2022 година, беше приведена и ставена во домашен притвор пред да побегне во Франција со својата ќерка.

На почетокот на овој месец, московскиот суд во отсуство ја осуди на осум и пол години затвор поради ширење лажни информации за руската војска. Тоа беше најновиот пример на руското задушување на несогласувањето, кое се интензивираше откако Русија ја нападна Украина пред речиси 20 месеци.