МВР: Расчистена тешка кражба во Битола, украденото е вратено на сопственикот

 – Битолската полиција расчисти „тешка кражба“, извршена од двајца малолетници од Битола на 9 април од автобус марка „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на фирма за превоз, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола малолетниците во присуство на родителите и претставници од Центарот за социјални работи се повикани на разговор, при што во целост го признале кривичното дело, стои во соопштението од МВР.

Од полицијата дополнуваат дека одземеното е вратено на сопственикот, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против сторителите.