МЕДЕНА ИНФУЗИЈА ЗАШТИТУВА ОД НАСТИНКА И ГРИП: Земете ја превентивно или кога чувствувате дека ве гребе грлото

Доколку оваа зима сакате да се заштитите себе си и вашето семејство од непријатни болки во грлото, настинки и грип, ви предлагаме да направите моќна инфузија со мед, лук, ѓумбир и медитерански билки.

Комбинацијата од лук, ѓумбир и мед долго време се користи во народната медицина како природно помагало за инфекции на респираторниот систем.

Познато е дека лековитите растенија и зачините ги ослободуваат сите свои активни материи во медот, додека синергијата на растенијата и медот обезбедува најдобра апсорпција на лековитите состојки во нашиот организам. Од ова знаење, кое со векови се пренесувало од колено на колено, создадена е инфузија од мед која може да ви помогне да се заштитите себе си и вашето семејство од непријатни болки во грлото, настинки и грип оваа зима.

Може да земете една лажица мед инфузија секогаш кога ќе почувствувате дека грлото ве чеша или гори, кога ќе почнете да кашлате или само како превентивна мерка. Во топлиот чај можете да додадете и неколку капки, кој наскоро ќе се претвори во супер здрав зимски напиток за имунитет.

Како се прави инфузија од мед?

Неопходно е

* Парче ѓумбир (должина 2,5 см)

*4 мали чешниња лук

* 2 стебленца свеж рузмарин и мајчина душица

* 220 гр домашен мед

Подготовка

Ренданиот ѓумбир и лукот ставете ги во чиста тегла со средна големина, а потоа додајте ги гранчињата рузмарин и мајчина душица – по потреба пресечете ги гранчињата на половина за да се вклопат во теглата. Потоа покријте со мед, покријте и оставете да отстои една или две недели – по можност некаде во близина на прозорец. Колку подолго ја оставате инфузијата да отстои, толку поинтензивни ќе бидат вкусовите и аромите. Секој ден вртете ја теглата малку за медот подобро да навлезе во растенијата. Потоа процедете ја оваа смеса – и вашата мед инфузија е подготвена. Чувајте ја на темно место, добро покриено.

НАПОМЕНА: На ист начин можете да подготвите инфузии од мед од други лековити растенија – камилица, лаванда, ајдучка трева…